Околу 70% од 1.800 вработени во повикувачките контакт центри на банката со седиште во Англија, Велс и Шкотска објавија дека не сакаат никогаш повеќе да се вратат во своите канцеларии, соопшти „Unite” еден од најголемите британски синдикати за вработување, пренесува „Reuters“.
Ваквите промени можат да доведат до грижи за социјалната помош на долг рок, доколку не се управуваат правилно, соопшти синдикатот.
„Разговараме со колегите од контакт центарот кои им служат на клиентите во банката за начините на кои можеме да понудиме флексибилност на работното место, притоа осигурувајќи дека ќе бидат задоволени потребите на нашите клиенти. Овие дискусии продолжуваат“, рече портпаролот на „HSBC”.
Според „Unite”, „HSBC” им понуди на вработените 300 фунти годишно (414,75 американски долари) како додаток за покривање на дополнителни трошоци како што се сметки за електрична енергија и греење.
Една четвртина од вработените ја одбија понудата затоа што сакаа да работат во канцеларијата барем некое време, додека 5 проценти сакаат трајно да се вратат во канцелариите.
извор: bankarstvo.mk