Ова е една од првите земји што целосно се отвори повторно за патниците, а сега Малдиви се обидува да биде пред останатите кога е во прашање вакцина туризмот
Официјални лица за дестинацијата во Индискиот Океан, објавија дека планираат да им понудат вакцини на туристите при пристигнувањето, во обид да намамат повеќе посетители.
Д-р Абдула Маусум, министер за туризам во земјата, потврди дека Малдивите развиваат шема „3V tourism“, што ќе им овозможи на туристите „Посета, вакцинација и одмор“.
Според Маусум, земјата планира да понуди две дози од вакцината за посетителите, што значи дека оние што ќе се пријават за неа ќе треба да останат на Малдивите неколку недели.
Тој се надева дека програмата ќе помогне во зајакнувањето на туризмот на островскиот архипелаг во Индискиот Океан, кој имаше просечно 1,7 милиони посетители годишно пред пандемијата.
Целиот текст прочитајте го на denar.mk