Треба да ме убедиш дека овој модел на автомобил е баш за мене, дека овој другиот не ми е добар а Бога ми и да ме убедиш дека ќе ме служи во следниве најмалку 5 години дека ќе ми биде безбедна вожњата дека не се расипува а и дека ми даваш некаква гаранција дека за кешот т.е квалификациите кои ги имам јас овој автомобил е токму за мене! Сега на местото на автомобил ставете работно место и се' ќе ви биде појасно!
Идеме по ред да разјасниме по детално.
Се појавува реклама за нов модел на автомобил од некој бренд со топ понуда.И некој кој има на ум да си купи баш таков модел или сака да го смени претходниот бренд, одлучува да оди и да разгледа во салонот за автомобили.
Таму ќе му ги кажат сите позитивни карактеристики. Како овој автомобил ги има најдобрите перформанси во својата класа, како му е унапредена оваа верзија од претходната, како има избор на боја и за чудо баш денес има специјален попуст за вас!
И јасно тој вработениот задолжително ќе каже како и он го вози баш тој модел и како не би го мењал со ништо друго.Исто може и да додаде- Ако не си сигурен провери си кај нас на сајт и на профилите..А кажаното ќе го поткрепи и со приказната -Глеј колку лајкови има на профил кај нас...
Нормално.Работата на продавачот е јасна, политиката на компанијата е јасна и презентацијата на производот е нормално правилно направена за да привлече “разгледувач“ кој ќе стане купувач.
Е ама на тој разгледувачот во описот на особините му е да разгледува и да разгледува.Не е одлучен, а и не е баш сигурен дека треба да го смени брендот на претходниот автомобил кој го има, а Бога ми не е ни сигурен дека таа цена кореспондира со перформансите.
Е тука лежи зајакот.
Тој нема да се запре само на одење во салонот, прво ќе се распраша кај пријателот кај кој го видел и кој вози исто таков автомобил, па ќе испребара по сајтовите -рецензии, па разни тест драјвови па разни други совети, па дури тогаш ќе донесе одлука. Сакам-не сакам.
Е сега, зошто ова има врска со брендирање на работодавач и огласување на работно место?!
Автомобилот го заменив со понудено работно место.Значи планирајте дека вие како компанија “продавате“ работно место.Начинот на кој го правите тоа не е ништо поразличен од начинот на кој продавачот го продава автомобилот.
Значи вашата цел е да добиете “купувач“ на тоа работно место.И за тоа се трудите да го продадете најдобро што знаете. Прво почнувате со реклама односно оглас со понуда.
Тоа може да биде доволно и да успее кај “купувачот“ кој точно знае што сака и ги има потребните квалификации кои вие ги барате ( да не речеме кеш кога станува збор за автомобилот).
Ама таквите “купувачи“ се ретки и не се многу.( Ако се потпираше автомобилската индустира на сигурните купувачи кои имаат кеш тешко дека некогаш ќе се развиеше...Но тоа е друга тема.)
Овде темата е дека фокусот на “продавачите“ на работни места треба да е на“ разгледувачите“ или на оние кои сакаат ама не се сигурни дека треба да го сменат брендот или моделот, да не речам компанијата или позицијата.
А тоа значи на таквите разгледувачи треба да почнете да им боцкате во очи.Што би се рекло да им се појавувате и да се истакнувате.Ама не кај вас.Оти таму веќе биле.Во салонот слушнале што се имате да понудите во огласот прочитале што се нудите, на вашиот сајт прочитале колку сте прекрасни.
Ама одлуката сепак ќе ја донесат откако ќе се испораспрашаат, откако ќе разгледаат уште, откако ќе прочитаат нешто повеќе за вас...
Значи, да видам да прочитам што некој друг рекол за вас, некој друг што напишал, кој ве кудел кој ве фалел и што ви замерувале...
Е дури тогаш ќе донесам одлука.
А сега да расчистиме:
Брендирањето на работодавачот само за себе и само кај себе може да донесе “купувачи“ и тоа рековме оние кои точно знаат кои сте што сте и сл.Ама исто рековме дека тие се ретки..
Брендирањето исто така ќе дондесе и разгледувачи.Тие се чести и ги има најмногу и освен што се дефинираат како бројка и пројавен интерес- ништо друго не носат.Во HR речник апликции кои не можат да се користат.
Но Она што брендирањето на работодавачот треба да го донесе се “РАЗГЛЕДУВАЧИ КОИ СТАНУВААТ КУПУВАЧИ“ без разлика дали ќе се одлучат баш за вашиот модел или ќе се одлучат за вас со тоа што ќе го сменат брендот(компанијата)!
И сега се навраќаме на тоа какви им се карактеристиките на разгледувачите и како тие носат одлуки:
Рековме влегуваат во салон:Значи не е спорно дека ќе протарашкаат по вашот сајт по вашите социјални медуми од каде, не спорно, ќе ја добијат сликата на тоа- колку сте нај супер.
Но Разгледувачот кој станува купувач,нема да ја донесе одлуката врз основа на вашата понуда туку ќе продолжи понатаму.
Ќе ве бара на други сајтови, ќе бара некои други рецензии за вас, па ќе чита и коментари и заклучоци и сл...
Па на крај се' ќе сумира и ќе донесе одлука.
И верувајте дека таа одлука многу повеќе ќе биде донесена врз база на се' останато што прочитал и слушнал за вас отколку што се прочитал за вас кај вас. Да не речam 70%-30% во полза на тоа што другите рекле за вас,
Да заклучиме!
Себе брендирањето кај себе е добро, aма имајте на ум дека тоа се само 30 проценти од одлуката некој да посака да работи кај вас!
Останатите 70% се клучни.
До следно читање,