![ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, СЕ ОТВОРААТ ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f0/4a1c700f-resize-820x0x100.jpg)
Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил
– Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата
1. Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 5 часот наутро.
2. Угостителските објекти да работат до 23.30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
3. Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
5. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
6. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори, стои во неговата објава.
Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.
Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.