Со што се занимава МФ Сеалс ?
МФ Сеалс ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е формирана во 2011 во Скопје. МФ Сеалс ДООЕЛ е ќерка фирма на МФ Сеалс ДОО Белград и е генерален застапник на реномираните европски компании: Freudenberg Sealing Technologies, во чии состав се компаниите Simirit, Merkel I Dichtomatik, Burgamnn Packings, DMH, Frenzelit, Stenflex и FMI.
Програмата се состои од два дела: производствен и продажен.
ПРОИЗВОДСТВО НА ЗАПТИВКИ
Квалитетни заптивки изработени на Seal Master машина “по мерка”
Секоја заптивка за хидраулика и пневматика, бришач,водечка трака или некоја друга заптивка во пречник од 6мм до 500мм може да се изработи кај нас веднаш.
Оваа постапка на изработка не подразбира претходна изработка на алат, а со машината може да се изработи секоја димензија, стандардна, нестандардна, мерки во цолови,…
Со оваа постапка изработуваме заптивки , од сите денес познати модерни материјали од кои се изработуваат, тоа се: NBR, H-POLIURETAN, EPDM, H-NBR, PTFE/BRONZA, PTFE/STAKLO, FPM и други.
ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЗАЗБЕСТНИ РАМНИ СТАТИЧКИ ЗАПТИВКИ
Произведуваме прецизни статички безазбестни заптивки во сите можни геометрии, контури, во димензии до 2500мм х 1500мм. Заптивачите се произведуваат на CNC плотер, а со самото тоа нема трошоци за производство на алат и времето на производство е многу кратко. Максимално се искористува материјалот со користење на програмот „nesting” ( оптимално позиционирање на заптивката на работната плоча поради максимална искористеност).
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ
- Заптивки за хидраулика и пневматика
- Прецизни о-прстени
- Семеринзи – Радијални осовински заптивки
- Термоизолациони безазбестни материјали
- Заптивни безазбестни плетенки
- Безазбестни плочи
- Спирометрални заптивки
- Компензатори
MФ СЕАЛС ДООЕЛ има потреба од:
ТЕХНИЧКИ СОРАБОТНИК ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ И ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА СО КЛИЕНТИ
линк за повеќе детали и аплицирање - за кандидати со минимум завршено средно електро-техничко образование
- одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим
- континуирана обука од страна на компанијата
- слободни викенди
- работно време од 08:00 до 16:00
Генерални застапници на