Прочитајте го искуството на Ивана Милошевска Цинцароска, Менаџер за интерна продажна мрежа: „Тука сум своја, опкружена со позитивна енергија и професионалци од кои секојдневно може да се научи нешто новo“
Јас сум Ивана Милошевска Цинцароска и сум вработена во Кроациа Осигурување Живот 3 години. Бидејќи немав искуство во осигурителниот сектор, одлуката да започнам нова професија и нова кариера во сосема непознато поле беше храбар чекор за мене, што сега се покажува како правилен избор.
Во Кроациа започнав на позиција советник за животно осигурување, за една година напредував до позиција ВИП советник за животно осигурување, а сега после 3 години сум на позиција менаџер за интерна продажба и имам сопствен тим со кој работам.
Компанијата не само што им дава шанса на сите со ентузијазам и желба за работа, туку вложува во своите вработени и им овозможува кариерен раст и развој.
Тука сум своја, опкружена со позитивна енергија и професионалци од кои секојдневно може да се научи нешто ново. Со задоволство ги прифаќам сите предизвици и со возбуда и ентузијазам како и првиот ден кога почнав продолжувам да ја градам мојата кариера во најдобрата осигурителна компанија на пазарот.“
Ивана Милошевска Цинцароска, Менаџер за интерна продажна мрежа