Пивара Скопје со нова платформа за раст и развој на вработените
Оpportunity Marketplace e платформа кoja транспарентно му давa шанса на секој вработен во компанијата да аплицира и да земе учество во објавениот проект. Исто така е овозможено споделување на меѓусекторска/меѓународна соработка и стекнување и размена на знаење.
Пивара Скопје АД како автентична приказна на големо семејство, кое се грижи еден за друг и ги негува основните компаниски вредности, секогаш е во чекор со нови иновативни идеи и решенија, со кои го поттикнува растот и развојот на своите вработени. Со тоa покажува дека се грижи за напредокот, но и за меѓусебната соработка и поддршка на своите вработени. Токму затоа и ја креираа иновативната Opportunity Marketplace платформа.
За своето искуство токму од оваа платформа зборува Гоце Митев - Тренер за развој на комерцијален сектор:
Растот е единствената постојана работа кога станува збор за Пивара Скопје АД (Coca cola HBC & HEINEKEN JV). Нашето големо, глобално семејство секогаш бара нови шанси за развој и подобрувања, а нашиот Opportunity Marketplace е платформа каде секој вработен може лесно да ги најде. Без оглед дали сакаат да најдат проекти во согласност со нивните индивидуални потреби за развој или место за презентирање на нивниот проект доколку им треба помош од другите, OPM е навистина одлична платформа за сите ние да ги откриеме своите потенцијали, стекнеме ново искуство и оствариме кариерните аспирации.
Гоце Митев - Тренер за развој на комерцијален сектор