Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.
Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, објави премиерот Здравко Кривокапиќ по посетата на Грција.
– Овој ден е симболичен, бидејќи Грција е отворена за сите туристи. Продавници, ресторани и хотели почнаа со работа, што укажува на важноста на силната врска што треба да ја следиме, бидејќи нашите протоколи се слични, приодите се приближни исти и Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, со најважниот збор – Добредојдовте на црногорското приморје, изјави Кривокапиќ.
Тој доаде дека државата ќе обезбеди силна поддршка особено на инвеститори од Грција кои повеќе ќе бидат присутни на просторот на Црна Гора.
Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест на Ковид-19.
Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.