Честитки до целиот тим на компанијата!
Еден од нашите најдраги настани е доделувањето на наградата „Најпосетуван огласувач“, каде што ја избираме компанијата со најмногу прегледи на сите свои објавени огласи во изминатата година. Изборот за Најпосетуван огласувач го прават посетителите на Vrabotuvanje.com, односно најпосетуван огласувач е онаа компанија која има најмногу прегледи на огласите во текот на годината.
На наша огромна чест и задоволство, наградата „Најпосетуван огласувач“ на страницата Vrabotuvanje.com.mk за 2020/2021 година му припадна на нашиот клиент ДУРА Аутомотив, со 97.132 посети.
Наградата jа додели Дарко Велков, сопственик на Vrabotuvanje.com.mk, а ја прими Олгица Божиновска Темелковска, HR специјалист во ДУРА Аутомотив.
ДУРА Аутомотив е глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот, а на македонскиот пазар е присутна со фабрики на 2 локации и трета фабрика која е пред отварање.
„ДУРА Аутомотив како компанија е отворена за соработка за сите оние кои имаат желба за работа. Потребни ни се машински инженери и техничари, хемиски техничари и инженери, како и кандидати од сите профили“. - изјави Олгица Божиновска Темелковска, HR специјалист во ДУРА Аутомотив.
Честитки до целиот тим на компанијата!
Официјалното доделување на наградата ќе се реализира на онлајн настан кој ќе се одржи на 20.05.2021 (четврток) со почеток во 20:00 часот. Настанот е во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, а на истиот ќе се доделат повеќе HR награди.