Буџетите, исто така познати како планови за трошење, служат како алатки за поединецот или домаќинството да изградат финансиска стабилност. Несогласувања околу парите се честа причина за караници и развод а истото влијае врз децата и нивните понатамошни размислувања на оваа тема. Многу потрошувачи имаат негативни реакции на поимот „буџетирање“ затоа што го поврзуваат со ограничувања и лишувања но баш напротив, буџетирањето ќе ви помогне да креирате подобра иднина за себе и вашето семејство.
Како да креирате семеен буџет?
За да креирате буџет најпрво идентификувајте ги важните цели што сакате да ги постигнете, а за кои се потребни пари. Следно,приоритет на вашето месечно трошење, од фиксни до варијабилни трошоци. Додадете ги вашите нето приходи и одземете ги трошоците. Конечно, прилагодете го планираното трошење или размислете за дополнителни приходи доколку е потребно. Многу е важно да ги запишувате сите месечни трошоци, без разлика дали тоа ќе го направите со помош на апликација ( предлог: Wallet) или ќе ги запишувате на лист хартија. Уште првиот месец ќе увидите дека во некои категории трошите повеќе отколку што сте мислеле па затоа веќе следниот месец поставете си помала сума за таа категорија. Останатите пари заштедете ги.
Доколку живеете во рамките на вашиот буџет, многу е поголема веројатност да:
- Ги исплатите долговите побрзо
- Штедите за краткорочни и долгорочни цели
- Ги елиминирате лошите финансиски навики
- Спречите караници во семејството предизвикани од недостатокот на пари
- Чувствувате контрола врз вашите финансии
Креирајте буџет што функционира за вас
Популарен метод за креирање на буџет е правилото 50/30/20. Во суштина, овој буџет препорачува да користите 50% од приходите за фиксни трошоци(кирија, сметки, храна, транспорт) , 30% за животен стил (облека, излегувања, патувања) и 20% за заштеда, отплата на долгови и инвестирање.
За повеќе финансиски совети следете го инстаграм профилот на МОИ ФИНАНСИИ