Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта или пасош, јави РТС.
Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства.
Во анкетатат на РТС, македонските граѓани изјавија дека се дојдено фамилијарно и покрај закажаниот термин во Скопје, како и дека младите се уште не се повикани за вакцинирање.
Од Здравствениот дом во Врање велат дека за сега има доволно вакцини а дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Македонија на кои на располагање им се вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.
Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До вчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.