Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).На која Vrabotuvanje.com традиционално ќе биде главен покровител и поддржувач.
Конференцијата повторно ќе биде домаќин на повеќе од 20 истакнати говорници, професори и практичари со напредни размислувања од странство, кои ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.
Учесниците на Конференцијата, како и досега, ќе имаат можност да слушнат излагања од експерти во оваа област, да бидат во тек со HR трендовите, да добијат увид, да ги споделат своите идеи и да се вмрежат со колеги и извршни менаџери од својата професија. Воедно, во рамките на Конференцијата ќе бидат организирани и HR Expo 2021, како и „Глобален Панел“, на кој ќе учествуваат претставници на Меѓународни HR асоцијации од пет различни континенти. (To be confirmed)
Наскоро ќе објавиме дополнителни информации, вклучувајќи ја и листата на овогодинешните реномирани говорници.
Ве повикуваме да ги сочувате датумите 21 и 22 Октомври 2021 година во Вашите бележници и роковници за учество на 13. Меѓународна HR конференција...
Во најава13. Меѓународна HR конференција во Октомври!
Актуелно
-
Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани.
-
Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш
„Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, па и годинава лозинката 123456 се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.
-
Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави
Со приближувањето на крајот на годината, атмосферата во корпоративниот свет станува сè повесела и поопуштена, додека многу компании започнуваат подготовки за традиционалните предновогодишни забави. Овие настани не се само можност за одбележување на деловниот успех, туку и можност да се наградат вработените за нивната посветеност и ангажираност во текот на целата година.
-
Компаниите освен сметководител и адвокат ќе мора да ангажираат ИТ- професионалци за да напредуваат
Секоја компанија ќе мора да ангажира ИТ-професионалци или компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И од бизнис-секторот се согласуваат дека дигитализацијата е клучна за подобрување на нивното работење, односно зголемување на ефикасноста, продуктивноста, конкурентноста и зголемување на можностите за извоз.
-
Цените на становите пораснаа, а кириите се за жалење
Во услови на економска неизвесност и инфлација, многу граѓани од Балканот се решаваат своите заштеди да ги инвестираат во недвижен имот, бидејќи го сметаат за најсигурна форма на инвестиција. Вложувањето во станови, куќи и деловен простор е тренд кој постојано расте, а со него растат и цените на недвижнините, што е очигледно во речиси сите големи градови.
-
Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади се помалку и помалку
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...