Од хумана идеја, преку платформа за спојување на компаниите и работобарателите,па се до најпосетуван огласник и портал број еден за барање работа во Македонија со дневно активни над 500 слободни работни места!
Која е приказната за Вработување.ком првиот портал за работни места во Македонија што се се случувало во oвие изминaти 18 години дознаваме од генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков.
За почетоците:
Таа 2003 кога интернетот бил се уште нешто ново и луксузно кое го има во странство ама не и кај нас ,Дарко Велков вели дека ентузијастички и визионерски одлучиле да инвестираат во платформа за која имале визија дека еден ден ќе стане доминатен начин на комуникација, размена на информации и начин на функционирање на пазарот на труд.
Сега после 18 години не само што може да се потврди дека визионерството Вработување.ком го донело на позицијата наречена „Најпосетуван сајт за работни места во Македонија“, туку и компанија која постојано расте се унапредува и вработува 40 луѓе. А од 2017 година Вработување.ком е дел од Финската АЛМА кариера Групација која под свое ги има најпосетуваните сајтови за огласи на Балканот(Мој Посао Хрватска, МојПосао Босна, Инфостуд Србија и Делогласник Словенија)
-Сега кога се навраќам на таа 2003 и тоа тоа на 6 јуни, ќе заклучам дека навистина направивме смел потег кога одлучивме да инвестираме во нешто непознато, неистражено и доволно ново и комплицирано за објаснување и комуницирање.Но мене некако сите работи ми успевале по потешкиот пат па така и кога тргнавме и сфативме дека нештата со Вработување.ком одат и тешко и бавно-само беше знак дека сме на вистинскиот пат!
Кога огласи имаше само во весници:
Иако сега во 2021 интернетот е прв медиум а телевизиите и печатенте медиуми се веќе во сенка, во 2003 па се до 2010 нештата биле сосема поинакви:
-На почетокот бевме само тројца вработени а еден од вработените имаше задача да купува весници, да ги сече огласите за вработување и истите рачно да ги внесува во тогашниот систем и веб страницата на Вработување. Ком.Звучи чудно од денешна преспектива ама во тоа време немаше ни Фејсбук, ни Youtube ни Инстаграм а камоли интернет портали..И во такво време ние (ипреку весник и преку телевизија и натерен) моравме да го едуцираме пазарот и за новиот начин на пласирање на работните места, но во истовреме и да бараме клиенти кои требаше да ги убедиме зошто треба да имаат оглас и на интернет а не само во весник, но и да им покажеме на работотбарателите дека огласи има и на друго место а не само во весник или преку врски...
За Фејсбук и Социјалните медиуми:
Кога ќе сфатиш дека си во интернет просторот и си постар и од најпопуларните платформи во моментов Фејсбук, Јутуб и Инстаграм нештата звучат навистина фасцинантно.
-Така некако, вели Велков. Фејсбук е 17 години чинам а Инстаграм е платформа која постои од 2012 година, И да подолго сме присутни на интернет од овие платформи но од друга страна ако не беа овие платформи пак ние намаше да успееме толку брзо да растеме да се развиваме и да освојуваме нови пазари и клиенти. Благодарение на Фејсбук за нас слушнаа и наши луѓе кои се во странство но и странски компании кои бараат работници од Македонија. Така да ќе заклучам дека можеби сме постари од Фејсбук но заедно со социјалините медуми ние како Вработување. Ком сме помудри и побрзо растеме и се развиваме.
За Наградите и успесите:
Од големите успеси и награди кои се издвојуваат Велков нагласува дека посебно се радува на наградите за Најпосетуван сајт за огласи која веќе неколку години по ред ја добива компанијата.
Горд сум и на наградата –Вели Велков-доделена од Претседателот на државата за Македонски бренд.Но сепак за мене најголема награда е довербата која ни ја даваат клиентите и работобаратериле кои секојдневно го бираат Вработување.ком за место од каде ќе ја почнат потрагата по своите нови вработени односно свojата кариера
За тимот:
Тимот на Вработување.ком од година во година се зголемувал па така сегашната бројка од 40 и редовно вработени и соработници ја прави компанијата една убава приказна која гарантира стабилност, перспектива и напредок:
-Токму така.Велат дека кога веќе не ве собира на една окрлугла маса и кога веќе ве има толку многу за да морате да комуницирате преку маил веќе сте ја поминале фазата на мала компанија. Токму за тоа ние како растевме така се делевме по сектори, се згоемуваа нашите компетенции, како растеше фирмата растеа и нашите луѓе, нашите квалитети нашето знаење и умеење. Па сега не скромно ќе кажам дека низ гoдиниве научивме буквално како дише пазарот на труд и од перспектива на работавачите и од гледна точка на работобарателите.
За актуелностите на пазарот на труд:
Кога веќе стигнавме до моментот на тоа како дише пазарот на труд ајде да слушнеме како дише моментално пазарот на труд
-Дише забрзано и со забрзан пулс. Велам забрзано зошто има се повеќе огласи и се повеќе слободни работни места но и се по пребирливи работобаратели некои со право зошто имаат компетенции и си бараат да бидат добро платени за своето знаење и да имаат одлични работни услови, но некои се пребиливи од што не им се работи па подобро им е да земаат социјално отколку да стекнуваат нови вештини и искуства и да имаат поголеми примања.
-Со оглед на ваквата состојба ќе кажам дека заради пребирливоста на работобарателите компаниите мораат да инвестираат многу повеќе во презентрање на сопствениот бренд, кои се што се, како им изгледаат работните просторои, да споделуваат искуства на свои вработени,каква им е културата на компанијата и сл. Бидејќи според нашите истражувања кои ги правиме луѓето најчесто остануваат или си одат од компанијата заради опкружувањето, лошиот однос со шефот или претпоставениот а не заради платата или бенефициите.Затоа на компаниите им препорачувам максимално да инвестораат во себе брендирањето за да останат конкуретни на пазарот и да успеат даги привлечат добрите кандидати.
Порака по повод полнолетството на Вработување.ком:
-Шансите да успеете се секогаш поголеми ако одлучите да се одвоите од масата на просекот.Ако гледате што прават другите и вие посакате да го правите истото,ќе сфатите дека таму конкуренцијата е многу поголема и шансите за успех се многу помали. За тоа не плашете се да целите највисоко. Како велат- секогаш целете на Месечината зошто и да паднете сепак ќе останете доволно високо –меѓу ѕвездите!