На социјалните мрежи се појави видео од паркинг во Мумбај кои покажуваат што може да се случи кога градежниците не ја завршат својата работа како што треба…
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како еден автомобил буквално тоне вертикално во дупка во асфалтот се додека не потоне целосно!
Имено, ова се случило затоа што на паркингот претходно имало бунар, стар скоро 100 години, кој потоа бил покриен со тенок слој од бетон со цел да се направи паркинг простор за жителите.
Неодамнешните обилни дождови и големата количина на вода што ја натопила земјата на некои места го оштетила асфалтот, па така и оваа веќе постоечка дупка се отворила и го проголтала автомобилот. За среќа, во моментот на „потонувањето“ на возилото, во него немало никој.
Извор: slobodenpecat.mk
“I thought I parked it right here.” pic.twitter.com/pgC8Qc7xJW
— Rex ChapmanЗанимливости
- Германија и Турција се скараа за донер-ќебапот
Ако постои нешто што ги обединува жителите на Берлин, тоа е нивниот апетит за донер-ќебап. Канцелариските работници во потрага по брз ручек, децата кои се враќаат од училиште, младите луѓе по „напорната“ диско-вечер, сите тие редовно застануваат во една од многуте ќебапчилници во градот.Но, ако биде по барањето на турската влада, на секоја донер-ќебапчилница во Германија наскоро ќе ѝ биде забрането да продава ќебапи под тоа име.
- Ова се најчестите психолошки трикови во продавниците: Еве зошто количките за пазарење имаат накосено дно
Маркетинг експертите користат различни трикови за да ги поттикнат купувачите да купат повеќе. Не е случајност што поголемиот дел од количките за пазарење имаат наклон за наведнување.
- Село во кое сите живеат во иста улица долга 9 километри: Сите се изненадени кога ќе дознаат каков е нивниот начин на живот
Селото Сулошова, кое се наоѓа на југот на Полска, стана вистински хит на социјалните мрежи благодарение на уникатната глетка што ја нуди. Тоа е речиси 9 километри долгата главна улица, која создава фасцинантен визуелен ефект од птичја перспектива.
- Еден инсект има изненадувачки висока толеранција на алкохол
Источниот или ориенталниот стршен е идентификуван како единственото животно кое не може да се опијани од алкохол. Стршните природно консумираат етанол како дел од исхраната, која вклучува нектар и овошје. Иако веќе знаеме дека ги привлекува алкохолот создаден од човекот, нивната врска со природните опијати е непозната.
- Проксима Кентаури Б – планетата најслична на нашата
Научниците открија „втора Земја“, планета најслична на нашата, оддалечена пет светлосни години од Сонцето, што претставува едно од највозбудливите откритија во астробиологијата во последно време.
- УТРЕ СÈ Е МОЖНО: 11.11 е еден од најсреќните и најмоќните датуми, ден за нови почетоци и случувања
Утре е 11 ноември, датум кој има исклучителна нумеролошка важност и се верува дека е ден на среќа и нови почетоци. Благодарение на моќната нумерологија, 11.11. се смета за еден од најсреќните денови во годината.