Укинувањето и олабавувањето на рестрикциите значи можност за економски рестарт и заживување на компаниите, сложни се стопанствениците. Сепак, за да се продолжи со континуитетот, онаму каде што застанале, особено на компаниите од угостителството и од туризмот, неопходни им се ликвидни средства и најважното – работници, кои во изминатиов период додека не работеа кафеаните веќе заминаа или договорија работен ангажман некаде на море.
Туристичко-угостителскиот сектор по олабавувањето на мерките ќе се соочи со нови предизвици поради пандемијата. Покрај тоа што го мачи неликвидноста, недостиг на квалификуван работен кадар, сè уште ги мачи и неизвесноста во овој сектор. Исто така, кога станува збор за олабавување на мерките треба да се размислува да се дозволи да работата и затворените угостителски објекти.
Од досегашните рестрикции директно беа засегнати и музичарите, организаторите на настани, фотографите…. Но, индиректно, забраните за јавни настапи, организирање настани, прослави негативно влијаеја и врз многу други дејности – од продавање цвеќе, накит, облека, чевли, транспортна дејност, фризерско-козметички услуги и ред други економски активности во кои има бројни вработувања.
извор: www.slobodenpecat.mk