Износот кој е ставен како припејд кредит за наплатните станици од Куманово до Гевгелија е во висина од 760 денари.
Од денес стапува на сила одлуката за бесплатна патарина на српските државјани по коридорот 10. Јавното претпријатие до 15 август, до траење на одлуката, треба да дистрибуира 200.000 М-Смарт картички кои ќе се изработуваат сукцесивно, според утврден акциски план.
Износот кој е ставен како припејд кредит за наплатните станици од Куманово до Гевгелија е во висина од 760 денари, како надомест за патарина во два правци додека самата електронска картичка М-Смарт Кард чини 100 денари.
Картичките се предадени на министерството за внатрешни работи кое од денес треба да ги распределува на возилата на српски туристи кои ќе поминат на ГП Табановце.