Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на земјава дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија ќе почне да важи од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
Сепак, да нема забуни ваквата одлука не важи за оние граѓани кои во меѓувреме имаат промена на личните податоци. По склучување на брак граѓаните се должни да ги променат сите лични документи во законски предвидениот рок од 30 дена. Новата одлука на МВР не ги ослободува граѓаните со променети податоци и за нив не важи продолжениот рок на важност.
Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
извор: vesti.mk