Граѓаните кои претстојниот викенд треба да се ревакцинираат во Србија, веќе добија известување од српската е - управа за термини. Ревакцинацијата ќе се изврши во градот каде што била примена првата доза на вакцина.
Здравствените домови во Ниш и Врање информираа дека ревакцинацијата не може да се изврши кај нив ако сте се вакцинирале во Белград. Дел од граѓаните на 27 и 28 март се вакцинираа со ,, Астра Зенека ". Најголем број за ревакцинација на македонските граѓани во Србија се очекува од 17 до 21 јуни.
извор: emagazin.mk