Владата на вчерашната а 81. седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 јуни 2021 година.Ова е малку подоцна од вообичаеното, обично исплатат тргнуваше на 26 во месецот.
Како што соопшти владината прес-служба, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата.