Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, најави промени во времетраење на договорите на определено време, кои досега траеја пет години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување.
- Ако досега истите траеја пет години, сега постои можност за нивна трансформација или намалување-најавија од миниството за труд и социјала
Работниците бараат една година, а работодавачите три години. Ова решение детално ќе се разгледува и потребно да се најде баланс помеѓу двете страни. Работата на новиот системски Закон за работни односи ќе донесе и измени како и нови членови во однос на работата на далечина, работата од дома и флексибилното работно време, со цел да се забрзаат работните процеси и прилагодувањето на новата реалност.
извор: biznisinfo.mk