Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.
извор: lokalno.mk