Ќе се сложите дека е прилично непристојно да ги прашувате другите за нивната плата и слични финансиски информации, доколку самите не сакаат да го споделат тоа со вас. Сите сме се нашле во ваква ситуацијата и истата знае да биде доста непристојна. Понекогаш навистина не забележуваме како нашите постапки можат да ги стават другите во непријатни ситуации. За вас издвоивме 3 ситуации кои треба да ги избегнувате.
1. Размислете за финансиската состојба на вашите пријатели кога правите заеднички планови
Ако знаете дека вашиот пријател исплаќа кредит или штеди пари за одмор, не инсистирајте да одите во луксузен ресторан или друго место што не се вклопува во нивниот буџет. Подобро би било да ги прашате каде тие би сакале да одите, за да не ги ставите во тешка финансиска ситуација.
2. Ако му се обратите на пријател за некоја услуга, не очекувајте тоа да биде бесплатно
Само затоа што вашиот пријател е неверојатен фотограф или може да ви помогне околу уредување на домот, не значи дека истото треба да го работи бесплатно. Без оглед на вашето пријателство, некој што го троши своето време и своите ресурси за да создаде нешто за вас треба да биде компензиран за нивната работа.
3. Секогаш враќајте ги долговите на време
Ако позајмите пари треба да кажете кога ќе ги вратите и никако не го заборавајте овој рок. Доколку не сте сигурни кога би можеле да го направите тоа, бидејте сигурни дека вашиот пријател го разбира тоа и истото нема да се одрази врз вашето пријателство. Не се навредувајте ако некое лице одбие да ви даде пари - пријателството ќе биде пријателство, но никој не е должен да ви ја направи таа услуга.
За повеќе текстови заследете го профилот на МОИ ФИНАНСИИ