Кога започна пандемијата со коронавирус минатата пролет, од ден на ден гледавме како се менува светот пред нашите очи. Сега, кога ситуацијата е многу постабилна, некои промени остануваат трајни. Многу од нив се поврзани со бизниси и актуелни занимања. LinkedIn направи пресек на професии што би можеле да доминираат во 2021 година, а ние ги издвојуваме првите пет.
1. Работниците вработени во областа на онлајн трговијата и оние кои вршат испорака – дефинитивно се едни од најбараните категории на пазарот на трудот. Добрата вест е дека оваа работа не бара никаква специјална обука или доквалификација, но треба да бидете брзи, оперативни, да бидете возач (ако се занимавате со испорака).
2. Банкарите задолжени за заеми и кредити имаат полни раце работа овие месеци, поради кризата наметната од пандемијата.
Проверете го огласот за вработување во УНИ БАНКА
3. Здравството е исто така област што продолжува да напредува, особено имајќи предвид дека скоро сите земји во светот ветија дека ќе инвестираат повеќе во него во наредните години. Имено, во 2021 година, фармацевтските техничари, негуватели, медицински сестри, здравствени тренери се многу барани.
4. Професионалци за развој на бизнисот и продажба. Од 2019 година побарувачката за нив е зголемена за 45% во САД, а примарно се занимаваат со финансии, советување, консалтинг, стратегии.
5. Креаторите на дигитални содржини и експертите за дигитален маркетинг се едни од водечките занимања оваа година. Бидејќи продажбата на Интернет заживеа за време на пандемијата, а целиот свет “се префрли“ онлајн, дополнително се појави потребата од овие експерти.