Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Mинирањето на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, што беше најавено за денеска, е одложено за в понеделник, кога сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12 и 15 часот во времетраење од 15 до 20 минути.
На регионалниот пат Ресен – Охрид, преку Галичица, ЈП „Македонијапат“ врши градежни работи за чистење на банкините, косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпеица.