Дрекслмајер и понатаму продолжува да го поддржува образованието на младите таленти во насока на создавање професионални кадри кои ќе придонесат за заедничкиот успех на компанијата. На обострано задоволство, избраните кандидати ги потпишаа договорите за вработување со што и официјално се дел од тимот на Дрекслмајер.
Компанијата Дрекслмајер ја претстави третата генерација средношколци кои посетуваа практична настава во рамки на моделот на дуално стручно образование во специјализираната училница на компанијата.Деветнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов – Брко“ кои посетуваа практична настава во Дрекслмајер добија сертификати за успешно завршена практична обука.
На учениците кои покажаа исклучително знаење и компетенции им беа понудени договори за вработување. Дел од нив ќе работат во фабриката во Кавадарци, а друг дел во фабриката на локацијата Куманово.
Некои од практикантите го продолжуваат своето образование на студии, но истовремено и ќе работат во компанијата. На ваков начин овие млади и креативни луѓе ќе имаат можност професионално да се надоградуваат и лично да се развиваат.
„Дрекслмајер е компанија посветена на континуираното учење и поддршка на образованието. Среќен сум што овие млади луѓе ја започнуваат својата професионална кариера токму во нашата компанија. Упатувам честитки до третата генерација средношколци со надеж дека нема да застанат тука и дека храбро, совладувајќи ги сите препреки, ќе се движат по патот на професионалниот успех.“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Дрекслмајер и понатаму продолжува да го поддржува образованието на младите таленти во насока на создавање професионални кадри кои ќе придонесат за заедничкиот успех на компанијата. На обострано задоволство, избраните кандидати ги потпишаа договорите за вработување со што и официјално се дел од тимот на Дрекслмајер.
„Ова е мојот прв договор за вработување и среќна сум што мојата професионална кариера започнува токму во компанија како што е Дрекслмајер. Благодарение на нашите специјално обучени тренери добив огромно знаење од областана на индустриската мехатроника. Покрај стекнатото знаење, за време на обуката запознав одлични другари со кои ќе продолжам да контактирам во иднина. Со нетрпение чекам да научам повеќе за мојата работна позиција.“, вели Рената Ристова која покрај Сертификат за успешно завршена обука доби и договор за вработување.
Дрекслмајер е водечка компанија во земјава која го спроведува германскиот модел на дуално стручно образование. Придржувајќи се на долгорочната стратегија за поддршка на образованието и професионалниот развој, компанијата секоја година овозможува практична настава во делот на мехатроника за учениците од средното образование. Практичната настава ја спроведуваат специјално обучени тренери во современо опремена училница во рамки на фабриката.
Доколку сакате да бидете и вие дел од Дрекселмајер проверете го овој ОГЛАС