Грција е најчест избор за македонските државјани кога станува збор за одморот. Така е и годинава, после паузата заради корона вирусот. Плажите веќе се полни, но освен џебовите на туристичките работници ќе им бидат полни и на оние на властите, особено ако не ги почитувате сообраќајните правила и прописи.
Она што треба и мора да го знаете, оти во спротивно одморот може многу да ве чини, е дека мора да носите безбедносен појас, да не зборувате на телефон, децата да седат во соодветни седишта…
Ова се казните: за неврзан појас казната е 350 евра, за зборување на телефон додека возите ќе треба да платите 100 евра. Доколку во вашиот автомобил се превезуваат деца без соодветно детско седиште казната е 350 евра. За надминување на пропишаната брзина во населено место, пак, казните изнесуваат од 100 до 500 евра.