Полската компанија LPP веќе ги бара високите позици односно Менаџерите и заменик менаџерите на продавниците за своите брендови:
Градбата на East Gate mall полека привршува а веќе се знаат и брендовите кои за прв пат ќе влезат во Македонија.Дел од нив веќе објавуваат огласи за формирање на својот тим во Скопје. Така Полската компанија LPP веќе ги бара високите позици односно Менаџерите на продавниците за своите брендови:
,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.
,,LPP SA” е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 – кругот на најсилните полски компании, а акциите на ,,LPP SA” се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска.
Од Полската компанија велат:“Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”Нашата мрежа од околу 1700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток се проширува и во Македонија и за таа цел сме во потрага по кандидати за позиција:
Менаџери на продажни објекти детали ОВДЕ
Visual Merchandisers Одговорни за визуелно изложување -огласот е ОВДЕ
Заменик Менаџери на продавница-ОВДЕ детали
Аплицирајте и бидете дел од нова приказна на модни брендови во Македонија!