Невиден топлотен бран во историјата на Канада „зготви“ илјадници остриги, школки, морски ѕвезди и полжави кои живееја во водите околу градот Ванкувер, во провинцијата Британска Колумбија.
Крис Харли, морски биолог на Универзитетот во Британска Колумбија, ја забележал смртта кога почувствувал непријатен мирис како се шири од правецот на плажата Кицилано во неделата.
Во интервју за канадската телевизија ЦБЦ, Харли рече дека бил шокиран кога го открил изворот на мирисот.
Температурата на бреговите изнесувала 50 степени
Рекордни температури беа забележани во Британска Колумбија три последователни дена на крајот на јуни. Измерени се рекордни 49,6 ° C на 29 јуни.
Не е јасно кога биле убиени школките. Харли за CBC изјави дека повеќето морски животни кои живеат во крајбрежната област можат да издржат максимум 30 ° C.
Термографските слики направени на 28 јуни покажаа дека температурата на брегот на Ванкувер е 50 степени Целзиусови.
Мртви животни
Харли понатаму рече дека квалитетот на водата во таа област привремено ќе падне затоа што остригите и школките ја филтрираат водата.
Тој додаде дека врз основа на достапните податоци за смртта на морски животни во водите околу Ванкувер, тој пресметал дека е можно повеќе од милијарда животни кои живеат во крајбрежната област на блиското Салишско Море да умреле на сличен начин.