ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 465/2021
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за стоковни резерви за следните работни места
1. УПР0101В04000 Помлад соработник за подготовка на тендерска документација, Одделение за јавни набавки, Сектор за општи и правни работи и јавни набавки(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки
- со или без работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 22.050,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.
Целиот оглас е на fakulteti.mk