Живеете на Балканот, а сакате да работите во Германија? Заборавете на азил и на работа на црно и легално побарајте работна дозвола. Кон крајот на 2015 година стапи во сила Регулативата за Западен Балкан.
Поедноставената процедура требаше на граѓаните од земјите на Западен Балкан да им го олесни заминувањето во Германија. Но, олеснувањата очигледно не се исти за сите. Додека за физичарите, математичарите, инженерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање „син картон“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и понатаму е 50.000 евра годишна плата.
За занаетчиите не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, возачите и фризерите многу полесно добиваат работа во Германија отколку, на пример, трговците.
Во 2017 година бројот на издадени работни дозволи се зголемил за 60 отсто. Но, истовремено се зголеми и бројот на одбиени.
Нов модел за вработување Балканци во Германија
Актуелно
-
Каде на скијање? Идеални места за зимување на Балканот
Зимската сезона полека го достигнува својот врв, а според сите изгледи, ќе потрае подолго од вообичаено. Доколку имате планови за зимување, сега е идеалното време да испланирате каде би можеле да отпатувате и кое скијачко место ќе го изберете за вашиот зимски одмор.
-
Традиционалните македонски имиња изумираат, сега во тренд се Гаиа, Кира, Киан, Ена, Леа, Еа, Теон, Јон, Кај…
Ена, Леа, Еа, Теон, Јон, Кај… нетипични имиња за македонскиот простор, ама се повеќе се среќаваат. Многу нови родители, трудејќи се да бидат во тренд со модерните текови даваат имиња на нивните бебиња кои може да се слушнат во странство, ама не и дома. Глобализацијата и брзиот пристап до светските влијанија се повеќе ги потиснува традиционалните македонски имиња.
-
Романија не успева да задржи странски работници: Oд 100.000 луѓе, 65.000 ја напуштиле земјата
На 100.000 луѓе од земји кои не се членки на ЕУ во последните години годишно им се дава право на работа во Романија, но голем дел од нив не остануваат трајно во земјата.
-
Во кој европски град најмногу се заглавува во сообраќај?
Според една најнова анализа, патиштата во Лондон биле најоптеретени во Европа минатата година.
-
Горди сме што во ова динамично време можеме да се пофалиме со лојални вработени – Мотоцентар одбележа 30 годишен јубилеј
Мотоцентар - Компанија со 30 годишна традиција
-
Скопје се гуши – препораки кога воздухот е многу загаден
Кога воздухот е многу загаден, како што е случајот деновиве во повеќето градови во Македонија, треба да се следат препораките на експертите.