Од денес во Грција ќе биде задолжителна вакцинацијата за работници во одредени сектори, а ќе стапат на сила и новите мерки за затворените установи. Вакцинацијата не оди со темпо замислено од владата во Атина, така што новите мерки ќе бидат насочени кон зголемување на обемот на вакцинација и важно е да се посочат некои правила што ќе се најдат за туристите во оваа земја.
Грчката влада донесе одлука за воведување на задолжителна вакцинација за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица, рече премиерот Киријакос Мицотакис.
Од 1 септември вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, а вработените во домовите за стари лица треба да се вакцинираат најдоцна до 16 август. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат привремено суспендирани од работа, предупреди Мицотакис.
Грците, исто така, планираат од вторник да вакцинираат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години со вакцината Фајзер.
Кога станува збор за конкретни мерки, од денес само вакцинираните ќе имаат право да влегуваат во затворени места како театри, спортски сали и забавни простории.
Затворените ресторани, кафулиња и барови нема да дозволат влез на оние кои не биле вакцинирани.
„Сите вакцинирани граѓани ќе можат да добијат потврда за вакцинација преку дигитална апликација, која ќе треба да им ја покажат на вработените во објектот“, се наведува во соопштението на премиерот Мицотакис.
Покрај тоа, само лица кои биле вакцинирани можат да бидат присутни на спортски настани, а на трибините не смее да има повеќе од 25.000 луѓе.