Се зголемува бројот на непријавени работници во однос на лани.
Градежништвото и угостителството, сезонските работници се најранливите дејности, каде се востановени нерегуларности, покажале координираните акции на Државниот инспекторат за труд и УЈП.
За цела 2020 година 15 решенија се однесуваат за 33 непријавени работници, во 2021 години само за периодот јануари – јуни има 42 решенија за непријавени 148 работници.
Државниот завод за статистика покажува дека неформалното вработување учествува со 13,55 отсто од вкупното вработување во државата.