Леа Роуз Фиега од државата Масачусетс купила грепка за лотарија но сметајќи дека нема профит, го замолила сопственикот на продавницата каде што ја купила да го фрли билетот во ѓубре. Леа вели дека платила 30 долари за добитната картичка, за која не била свесна дека ќе и донесе добивка.
Синот на сопственикот на продавницата, Абхи Шах, забележал дека не се изгребани сите броеви до крај, па го сторил тоа и открил дека картичката носи профит од еден милион долари. Бидејќи Леа Фиега е редовна клиентка, семејството се сети дека таа е таа што го купила билетот и го испратила својот син да ја најде Леа. Кога момчето се појавило, прво што помислила дека можеби заборавила да ја плати сметката, тој и објаснил дека се случи нешто што ќе и го промени животот засекогаш. На негово инсистирање, Леа отишла во продавницата, каде сопствениците и рекле дека добила милионска добивка.
Продавницата доби 10.000 американски долари бонус од државната комисија за лотарија за продажба на добитниот билет, а Леа богато го наградила семејството за нивниот гест.
После оваа приказна, многумина се прашуваат колку луѓе би го сториле истото како сопствениците на продавницата од Масачусетс.