Доколку ги игнорирате мејловите или ги оставате за подоцна, тие ќе се трупаат како нечиста облека, што според психолозите е многу стресно за вашата психа.
Просечниот вработен праќа околу 10.000 имејл-пораки годишно. Но, ако со оваа комуникациска алатка не се ракува како што треба, тоа може да го загрози нашето и здравјето на нашите колеги.
Затоа, психолозите направиле листа на најчестите грешки при размената на електронска пошта, кои, ако се искоренат навреме, можат да спречат нервоза, стрес и растроеност. На листата се наоѓаат бесконечното пинг-понг допишување, проверка и праќање службени мејлови после работно време, проверување мејл и одговарање на пораки во друштво или на состанок, барање потврда за примање на секоја испратена имејл-порака, автоматски одговор, брзинско одговарање како и игнорирање.
- Пинг понг – постојана размена на пораки по принципот „јас тебе – ти мене“
- Испраќање и примање мејлови надвор од работното време
- Испраќање имејл-пораки во нечие друштво
- Целосно игнорирање на мејлови
- Барање потврда за примање и читање на имејл-пораките
- Одговарање штом видите нотификација за примен мејл
- Автоматски одговор
Многу грешите и ако штом примите групна порака, кликнете на „одговори на сите“. Било да се работи за одговор на прашање кое е поставено до целиот тим или за шега, групните пинг-понг пораки кои го гушат сандачето се едни од најголемите причинители на стрес.
Одговарањето пораки во друштво и надвор од вашето работно време, иако може да ви донесе поени пред претпоставениот, остава лош впечаток пред луѓето и покажува дека не знаете да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Овој имејл-грев е сериозен бидејќи може да биде штетен и за колегите и соработниците бидејќи тие чувствуваат дека мора да бидат постојано достапни за да ви одговараат на вашите мејлови.
Со инстант одговарањето можете да оставите впечаток на добро информирана личност, но и да го збуните испраќачот. Промислениот и добро обмислен одговор за кој е потребно малку време да се состави, е подобар од брзинскиот со кој ја давате бараната информација, но со погрешен тон. Вработените кои се опседнати со мејлови не се ни свесни дека тоа е причина за нивната расеаност и дека тоа штети на нивното и на ментално здравје на нивните колеги.