Предложените измени на законот на ЕУ ќе ги принудат компаниите што вршат трансфери со биткоин и други крипто-валути да собираат податоци за испраќачите и примателите, а овие предлози ќе овозможат следење на крипто-валутите и ќе помогнат да се спречи перење пари и финансирање тероризам, соопшти Европската комисија.
Новите правила, кои би можеле да бидат донесени за две години, исто така, ќе оневозможат да се обезбедат анонимни трансфери на крипто-валути, односно анонимни „крипто паричници“, УСБ-уреди на кои се чуваат крипто-валути.
Ставот на Европската комисија е дека трансферите во крипто-валути треба да подлежат на истите правила против перење пари како и обичните електронски трансфери, така што еден од предлозите е компаниите што вршат трансфери на крипто-валути да бидат обврзани да наведат име, адреса, датум на раѓање и број на сметката на примателот.
За да станат законски, предлозите ќе треба да бидат одобрени од земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент.