Додека бројни италијански трговци, угостители и слаткари имаат економски потешкотии поради намалениот обем на работа како последица на коронавирусот, сепак, оние кои продаваат сладолед не можат да се пожалат. Според многумина, ова е доказ дека италијанскиот народ не може да живее без сладолед дури и во време на пандемија.
Имено, секое италијанско семејство годишно троши по околу 70 евра за овој десерт или вкупно на годишно ниво во оваа земја за сладолед се трошат две милијарди евра, велат податоците добиени од италијанскиот институт за статистика.
Еден од новите вкусови на сладолед кои имаат можност да го пробаат е направен од бела чоколада со крем од лешници и цреши, а именуван е како „ лек за ковид-19“. Ваквиот сладолед се продава во предградие на Милано, а измислен е со цел да се подобри расположението на неговите консументи. Според луѓето кои го продаваат, овој десерт иако не може да го лекува вирусот, барем додека луѓето го јадат се чувствуваат подобро.