Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Актуелно
- По 2.000 години, во Колосеумот повторно ќе се одржуваат борби на гладијатори
За прв пат по две илјади години античкиот римски Колосеум ќе биде домаќин на борби на гладијатори – иако исценирани – благодарение на спонзорскиот договор од 1,5 милиони долари со Airbnb, чија цел е да промовира „поодговорен туризам“.
- Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.
- Германската авиокомпанија Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција
Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција
- Милениумците и генерацијата З сѐ повеќе одат на крстосување со бродови
Податоците собрани од страницата „Trip.com“ укажуваат на зголемување од 344 отсто на годишно ниво на резервациите во периодот од јануари до октомври 2024 година. Скокот во бројот на резервации платформата го припишува на луѓето кои во едно патување сакаат да доживеат различни искуства и да посетат различни места.
- Светскиот бренд IWG отвори флексибилни работни канцеларии во Скопје
Речиси 30% од сите комерцијални недвижнини ќе бидат флексибилни работни канцеларии до 2030 година, бидејќи се повеќе компании го преземаат хибридното работење.
- Половина од државите во САД носат индијански имиња
Половина од сите американски држави, поточно 25 од нив, носат имиња на Индијанци.