„Microsoft“ одлучи да направи промени во „Paint“ и да го олесни користењето
Во „Microsoft“ сметаат дека премногу го искомплицирале користењето на „Paint“ и сега ќе бараат повторно да го поедностават, како што тоа беше некогаш.
Новиот „Paint“, се разбира ќе го видиме на оперативниот систем „Windows 11“.
„Undo“ и „redo“ сега ќе бидат веднаш до „file“ и „view“ опциите на самиот врв, а старата „toolbar“ повеќе нема да биде таму.
Тие одлучија да создадат нов распоред на опции и на тој начин да го олеснат користењето на „Paint“.
Поентата е да се олесни „Paint“ за обичните корисници, кои не се занимаваат со дизајн и други покомплицирани работи, бидејќи што и да прават, сигурно не работат во „Paint“.
„Paint“ отсекогаш беше за забава и сега „Microsoft“ сака да им ја врати на корисниците.
Ќе ги поедностави работите, но нема да промени ништо посебно, но и тоа е нешто.