Оваа година, „Чанги“ се најде на третото место-достигнување за секој друг аеродром, но можеби не од перспектива на неговите суперфанови, кои редовно ја пофалуваат леснотијата, удобноста и опциите за врвна храна и пијалоци на аеродромот.
Напредувањето на Доха е резултат на напорната работа на неговата водечка авиокомпанија, „Катар ервејс“. Владата на Катар инвестираше многу и во својот национален авиопревозник и во својот аеродром, со прилично спектакуларни резултати.
Патниците на „Катар ервејс“ кои имаат конекции преку овој аеродром можат да уживаат во бесплатни тури низ градот, бесплатно сместување и храна (во зависност од должината на трансферот) и услуга за пренос на ВИП, кога вработените на авиокомпанијата ги водат патниците низ на аеродромот во правец на нивниот следен лет.
Аеродромите во Европа и Азија доминираат со остатокот од листата во 2021 година. Јапонија има дури три аеродроми на листата, вклучувајќи ги и двата аеродроми во Токио („Нарита“ и „Ханеда“).
1. Меѓународен аеродром Хамад (Катар)
2. Аеродром Ханеда (Токио)
3. Аеродром Чанги (Сингапур)
4. Меѓународен аеродром Инчеон (Сеул)
5. Аеродром Нарита (Токио)
6. Аеродром Минхен
7. Аеродром Цирих
8. Аеродром Хитроу (Лондон)
9. Меѓународен аеродром Кансаи (Осака)
10. Меѓународен аеродром во Хонг Конг