Враќање во училишните клупи, да се продолжи со хибридниот модел, или пак ротација на учениците на една недела - се трите опции кои ги предлага МОН
Три сценарија беа во игра за стартот на учебната година од 1 септември – враќање во училишните клупи, да се продолжи со хибридниот модел воведен за време на пандемијата, или пак ротација на учениците на една недела. Од Министерството за образование и наука на почетокот на јули велеа дека се подготвени за спроведување на сите три сценарија, но дека очекуваат годината да започне со првото сценарио – односно учениците наесен да се вратат на училиште, по паузата од година и половина од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
Второто сценарио е да се оди со досегашниот хибриден модел, каде со физичко присуство настава следеа учениците од прво до четврто одделение, додека останатите ученици наставата ја следеа на далечина. Во игра е и трето сценарио кое предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи со ротација на присуството на учениците на една недела.
Царовска во тогашната изјава најави дека Министерството за образование и наука за сите три сценарија ќе биде подготвено од 1 септември. Но сепак Одлуката ќе ја донесе Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба.
Што ќе значи тоа со сегашната состојба и сегашните бројки останува да видиме. А први септември е близу!