ZASTAVA 101 позната и како Стоеден, Стокец и Стојадин, во своето време беше еден од најпопуларните автомобили на овие простори и меѓу ретките автомобили од истокот кои можеа да се носат со конкуренцијата од западот.
Нормално, една од тајните на успехот на ZASTAVA 101 беше италијанската подлога, како и фактот дека беше еден од првите компактни модели на пазарот. Практичните пет врати беа реткост, а притоа Стоеден како домашен производ имаше и популарна цена, па стана најпродаван модел во Југославија, а постигна и значителен успех при извозот, посебно во земјите од источна Европа, но и ширум светот.
Но, која би била неговата цена пресметана во денешни пари и нивна вредност? Фејсбук страницата наречена Zastava 1010 forum објави исечок од автомобилски магазин од далечната 1972 година, практично на самата продажба на овој модел, а како што можете да видите, тогашната цена изнесувала 40.040 динари, односно 2.084 долари.
Кога ќе се пресмета инфлацијата за изминатите речиси 50 години, се доаѓа до податокот дека во денешно време ZASTAVA 101 би чинела 11.441 евра.