GEC сака да направи сателит кој ќе носи пикселизиран екран, на кој ќе се прикажуваат огласи
Изминатите неколку години беше постигнат огромен напредок на вселенската технологија. Компанијата SpaceX на Илон Маск направи историско лансирање на човечки екипаж на Меѓународната вселенска станица, а забрзано работат и на развојот на ракети со кои луѓето ќе можат да го освојат и Марс. Исто така, неодамна бевме сведоци на успешните вселебски летови на компаниите Blue Origin и Virgin Galactic, со кои официјално почна ерата на вселенски туризам.
SpaceX и Илон Маск сега учествуваат во нов проект кој ќе овозможи огласување во вселената. На таа идеја пред неколку години дојде Самуел Рид, директор на канадскиот стартап Geometric Energy Corporation (GEC), а со помош на вселенската компанија на Маск таа негова идеја треба да се реализира во текот на идната година.
GEC сака да направи сателит кој ќе носи пикселизиран екран, на кој ќе се прикажуваат огласи. Со камера тој екран ќе се снима и она што се прикажува на екранот ќе се емитува во живо на YouTube и на Twitch.
„Сакам да го демократизирам пристапо +т до вселената и да овозможат децентрализирано учество. Се надевам дека луѓето нема да троѓат пари на нешто непримерно и навредливо“ вели Рид.
Сателитот со екранот за прикажување огласи во вселената треба да полета со ракетата Falcon 9, која Маск ќе ја лансира кон Месечината. За огласување на тој екран ќе треба да се купи посебен токен кој ќе може да се плати со криптовалути. Рид го спомена етереум, но веројатно ќе може да се користи и доџкоин. Цената за оглесување на сателитот моментално не е позната, но Рид верува дека вселенското огласување ќе ги привлече компаниите, уметниците и сите останати кои ќе сакаат да ги постават своите илустрации на екранот.