Управата за јавни приходи (УЈП) ја објавуви Листата на должници бр.08/2021 за долгови доспеани до 30.04.2021 и неплатени до 31.07.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.08/2021 објавени се 1.797 должници – правни лица (повеќе за 75 од претходната листа) и 2.972 физички лица (повеќе за 89 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2021 изнесува 8.737.143.658 денари, повеќе за 627.710.447 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.541.749.208 денари (повеќе за 502.937.130 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 195.394.450 денари (повеќе за 124.773.317 денари од претходната листа).
извор: biznisinfo.mk