Бидете дел од најголемиот регионален собир за HR професионалци кој на 22 и 23 септември 2021 година ќе се одржи во Ровињ, Хрватска!
Skip Bowman, роден во Австралија, е организациски консултант кој им помогнал на неколку големи компании и глобални лидери со културни промени и подобрување на работната средина. Како еден од водечките говорници во Европа за growth mindset и развој на лидерството, тој ќе биде дел од овогодинешната HR Days конференција во Ровињ, во организација на нашиот партнер МојPosao - првиот и водечки портал за вработување во Хрватска.
Skip Bowman e cпецијалист по организациска психологија и извршен директор специјализиран за трансформирање на начинот на размислување и развој на лидерството. Неговата мисија е да ги направи организациите безбедни, но и одлични места за работа.
Покрај добриот хумор и ентузијазам, Skip Bowman ви носи научно докажани и применливи алатки за градење тимови и организации кои произведуваат поголема вредност и создаваат иновации.
Откријте како изгледа програмата за промени инспирирана од Growth mindset-от? Кои се предизвиците во спроведувањето на Growth mindset-от во тим или организација и кои се заканите што не ги ни очекувате? Како да се справите со некои од класичните форми на отпор при трансформирање на Growth mindset-от?
Не пропуштајте да се дружите со уникатниот Skip Bowman и да ги дознаете одговорите на овие и многу други прашања.
Котизацијата за регистрација на овој мастерклас вклучува интерактивна работилница со Skip Bowman и ВИП вечера во хотелот Гранд Парк на 22 септември и учество на конференцијата за човечки ресурси на 22 и 23 септември 2021 година.
Бројот на места е ограничен!