Најголемиот број на половни автомобили се увезуваат од Германија, Франција и Италија. Новите прописи во Унијата може да бидат дополнителен удар, на и онака сложената ситуација поради трендот на зголемување на цените на половните автомобили уште од минатата година, а земајќи во предвид дека се повеќе развиени земји започнуваат со борбата против аерозагадувањето.
Прво, поскапувањето започна со зголемување од некои 10% како последица на корона кризата и падот на побарувачката, за да дојде и до значително поскапување уште во текот на летото минатата година. На почетокот на оваа година, набавката на некои модели беше поскапа за 20 до 30%. Тоа би значело дека автомобил кој чинел 7.000 евра, сега може да се набави по цена и до 9.000 евра.
Според Царинската управа на РМ најмногу половни автомобили се увезени во Јуни Годинава 3974 а во јули речиси за 1500 помалку- 2600. Дали ова е најава за трендовско намалување на увозот на половни автомобили останува да видиме
Германија најави измени на Законот за гаранциите поради негово усогласување со Директивата на Унијата за продажба на стоки, а што во превод би значело дополнително поскапување. Доколку Германија го промени овој закон, што е во моментот една од горките теми во оваа европска економија, половните автомобили кои се увезуваат од оваа држава може да бидат поскапи од 10 до 20%.
Ова би претставувало нов удар за увозот на половни автомобили ако се има во предвид дека цената на половните возила во Европа веќе е порасната поради корона кризата и намалената продажба.