Креирајте CommonPass дигитален сертификат за патување, на многу едноставен начин и во неколку чекори
Министерството за здрваство објави видео, преку кое се добиваат инструкции како да креирате CommonPass сертификат за патување.
Европската комисија го одобри македонскиот дигитален сертификат за Ковид-19. Нашата држава, како што информира Министерството за здравство, е прва во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.
– Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, соопшти Министерството.
Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за Ковид-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за Ковид-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за Ковид-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација, велат здравствените власти.