Производителот на вакцината „Comirnaty“ против Ковид-19, „Pfizer Inc.“ ќе ги купи сите акции на „Trillium Therapeutics“ кои не ги поседува.
На овој начин, компанијата ќе му плати на производителот на лекови за рак износ од 2,26 милијарди долари.
„Pfizer“ ќе плати 18,50 долари по акција на „Trillium“, што е 118% над просечната цена за последните 60 дена од понудите на компанијата.
Акциите на „Trillium Therapeutics“ пораснаа од нешто повеќе од 6 долари на 17,50 долари по акција, додека акциите на „Pfizer“ додадоа 1,3% на 50 долари.
„Pfizer“ инвестираше 25 милиони долари во „Trillium“ во септември.
Компанијата произведува лекови кои ја зајакнуваат способноста на пациентите да ги детектираат и убијат клетките на ракот.