Извршителите во просек имале чиста индивидуална заработка од 1,516.728 денари минатата година според надзорот на работата на извршителите што го објави Министерството за правда за 2020. Toa значи дека месечно имал личен приход од нешто повеќе од 2.000 евра.
Тоа, според министерството, е најмала заработка во изминатите години и единствена до сега што е помала од 2 милиони денари на годишно ниво е онаа една година претходно, во 2019, кога чистиот приход по извршител бил 2.298.097 денари што инаку пак бил најмал претходно. Споредбено, според овој извештај, падот на приходот за една година е 34 отсто. Најголем бил во 2018, во просек 3.251.272, што е далеку поголем од сите останати години. Тогаш дома месечно извршителите носеле по 4.400 евра.
Вкупните приходи, ако се тргне настрана наплатата за доверителите, изнесувале околу 85.000 евра по извршителска канцеларија, а за министерството и ова е големо намалување.
Од добиените податоци, се констатира дека на сите подрачја на основните судови има намалувања на вкупно остварените приходи по извршители. Вкупно остварениот приход по извршител изнесува 5,234.581 денари, што во споредба со 2019 кога оствариле просечен приход од 7.160.292 денари, има намалување од 26 проценти, се вели во надзорот.
Ваквиот пад на приходите се должел по претходно преземените законски мерки со кои беа лимитирани наградувањата при присилните наплато. Вкупниот профит што останал кај извршителите, по приходите и расходите, изнесувал 187 милиони денари, или 3 милиони евра, што според евиденцијата е за 16 проценти помалку од една година претходно.
Извор: republika.mk