Ел Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот ќе се користи како официјална валута, што, според аналитичарите може да влијае на позицијата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем, пренесува „Данас“.
Биткоинот, заедно со американскиот долар кој Ел Салвадор го усвои во 2001 година и кој ќе продолжи да се користи како „референтна валута“, стана официјална валута на најмалата централноамериканска држава и според законот мора да се прифати како средство за плаќање кога ќе се понуди, освен ако добавувачите или примачите немаат технологија за извршување такви трансакции.
Биткоинот нема да подлежи на данок на капитална добивка, па ќе може да се користи дури и за плаќање на даночни придонеси.
Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, како што наведуваат медиумите, 70 отсто од населението не користи банки. Исто така, употребата на биткоинот бара пристап до интернет, а само 45% од земјата е времежена.
Претседателот на Ел Салвадор Наџиб Букеле вети дека ќе изгради инфраструктура што ќе му овозможи на руралното население да се поврзе со интернет.
Повеќето жители на земјата не се согласуваат со владината одлука за усвојување на биткоинот како законско средство за плаќање, а многумина не знаат како да користат дигитални валути и се недоверливи кон овој проект, покажа истражување на Централноамериканскиот универзитет.
Најмалку 69.7% отсто од 1.2821 испитаници изјавиле дека не се согласуваат или силно се противат на користењето на биткоинот како законско средство за плаќање, додека нешто повеќе од 32 отсто од испитаниците изјавиле дека се согласуваат до одредено ниво.
Истражувањето исто така покажа дека повеќето испитаниците мислат дека главните корисници на дигиталната валута ќе бидат богатите, странските инвеститори, владата и бизнис лидерите.