Фалсификати има насекаде, а најефикасен начин да се избориме со неквалитетните копии е да научиме да ги препознаваме
Фонтот на буквите на фалсификатот е малку подебел од оној на оригиналот.
Симболот за USB на копијата е повпечатлив, потемен и се наоѓа малку понастрана од централно. Вдлабнатината на USB пинот, кај копијата изгледа поинаку отколку кај оригиналот и се наоѓа поблиску до пластиката.
Кај оригиналот, на дното на пиновите на утикачот има мали „прстени“.
Копијата има поизразен, погруб раб. Исто така, вообичаени се оштетувања на работ околу USB отворот, кој патем е потесен и изгледа поизразен кај копијата.
Оригиналниот полнач е направен во Виетнам, а не во Кина. Логото на Самсунг има подебели букви отколку фалсификат логото на копијата. Оригиналниот полнач нема „A+“ наведен во спецификациите.
Повторно, симболот на USB приклучокот, кај копијата е потемен, поизразен. Самиот метален пин, пак, е значително подолг кај копијата.